Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите информации уапсен е турски државјанин кој со возило Цитроен требало дрогата да ја транспортира до друга локација.
Последниве два месеци се случува постојано апсење на дилери и заплени на дрога од полицијата, која според нашиот извор е во сериозна пресметка со нарко дилерите.
Повеќе информации очекуваме од МВР
