Вчера на пладне дуото Дупер ја претставија нивната најнова песна „Со тебе не гледам саат (бејбе)“
која носи сосема нова енергија на македонската музичка сцена, а воопшто и во нивната
експресија и стил.
Песната потсетува на музиката од раните 2000-ти, но сепак збогатена со нивниот препознатлив
звук и сензибилитет со што лесно влегува во уво уште на прво слушање, а те тера да си ја
потпевнуваш цел ден.
Тие очигледно сами најдобро знаат како да направат одлична песна, па автори на музиката и
текстот на песната се Борис Какуринов и Илчо Нечовски, а на аранжманот на Борис Какуринов.
