5.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Трамп го отфрли мировниот предлог за прекин на конфликтот во Украина што го претстави Путин

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го отфрли мировниот предлог за прекин на конфликтот во Украина што го претстави рускиот лидер Владимир Путин!

За време на првата дебата со неговиот главен ривал и актуелен претседател на САД, Џо Бајден, Трамп изјави дека не се прифатливи условите што ги претстави рускиот лидер за завршување на војната во Украина.

Дејна Баш од Си-Ен-Ен побара од Трамп за време на дебатата да го коментира предлогот на Путин. Трамп се обиде да избегне одговор, но новинарката беше упорна.

– Дали ви се прифатливи условите на Путин – праша повторно Баш.

– Не. Не се прифатливи – одговори Трамп.

Путин неодамна изјави дека ќе нареди прекин на огнот во Украина само доколку Киев ги повлече трупите од четирите региони анектирани од Москва и официјално се откаже од обидот да стане членка на НАТО.

Трамп за време на дебатата повтори дека ќе стави крај на војната во Украина доколку биде реизбран за претседател во ноември, но повторно не даде детали како планира да го стори тоа.

Поранешниот американски претседател по дебатата ја зголеми предноста пред актуелниот шеф на државата Бајден, а многумина сметаат дека изборната трка е практично решена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести