Дури 78 отсто од испитаниците јадат чоколадо погрешно, покажуваа едно истражување. Чоколадото е едно од омилените задоволства на сите, но можеби не сте знаеле дека можеби цел живот го јадете погрешно.
Имено, научниците за храна откриле дека огромното мнозинство од испитаниците прво го ставаат чоколадото во фрижидер пред да го консумираат, што е погрешно.
Најдобро е да се чува на околу 18 степени, што значи дека можете да го чувате во кујната.
Друга голема грешка што луѓето ја прават е џвакањето.
Можеби звучи глупаво, но треба да оставите чоколадото да се стопи во вашата уста бидејќи тоа му овозможува на путерот од какао да ја премачка устата и да ги шири сите вкусови. Исто така, можеби ќе ве изненади тоа што треба да консумирате чоколадо наутро, поточно помеѓу 9 и 11 часот. Тоа е затоа што вкусовите бараат свежо непце за правилно да се ужива, а исто така ви дава доза на кофеин на почетокот на денот.
„Чоколадото е длабок и комплексен деликатес со многу слоеви за истражување. Јадењето чоколадо порано во текот на денот со свежо непце е исто така откритие што може да изненади многумина, но го прави чоколадото добар избор за ужина за да ни помогне да продолжиме да работиме со полна сила пред ручек.- изјави научникот за храна, Натали Алибранди.
Експертите откриле и уште неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за јадењето чоколадо. Имено, тие тврдат дека треба да се јаде во мали количини за да се избегне прекумерна стимулација на пупките за вкус. Тие исто така ве советуваат да се обидете да го комбинирате чоколадото со нешто друго. Можете да пробате млечна или бела чоколада со горчлива храна или горчлива чоколада со посолена храна.
