8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска

Со отворање на главната расправа, денеска, во Основниот суд во Охрид, почнува судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓорѓиеска од Охрид, што се случи на 15 ноември.

Предметот ќе го води судијката Александра Поп Стефанија. Од Основниот суд информираа дека ќе обезбедат транспарентност на процесот во согласност со законски предвидените рамки.

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишникот Корабоски за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Претходно, Основниот суд во Охрид му одреди притвор во траење до 30 дена.

Од Обвинителството тогаш информираа дека при вршење семејно насилство обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на оштетената. Во текот на истрагата оштетената била испитана во присуство на претставници на социјалните служби, а било наредено и извршено вештачење за видот и карактерот на повредите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести