6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

САД со нови економски санкции за Иран

Администрацијата на САД синоќа воведе нов пакет економски санкции против Иран, со цел да го прекине финансирањето на Техеран.

-Санкциите опфаќаат „повеќе од дваесет менувачници, фиктивни компании и поединци во Иран, Обединетите Арапски Емирати, Турција и Хонгконг, кои го поддржуваат паралелниот банкарски систем на Иран, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Техеран со години го заобиколува западниот финансиски систем.

-Иранските паралелни банкарски мрежи остануваат меѓусебно поврзани на сите континенти, особено во ОАЕ, Хонгконг и Сингапур, се истакнува во соопштението на американското Министерство за финансии.

Американскиот регулатор „ФинЦен“ (Мрежа за спроведување на законите за финансиски криминал) добил извештаи за сомнителни трансакции во вкупна вредност од речиси 15 милијарди долари, поврзани со Иран во периодот од јануари 2025 до август 2026 година.

Најчесто пријавуваните финансиски текови се однесуваат на трансфери од банки лоцирани во континентална Кина кон банки во ОАЕ – приближно 2,6 милијарди долари, потоа од банки во Сингапур кон банки во ОАЕ – околу 981 милион долари; и од банки во Велика Британија кон банки во ОАЕ – приближно 922 милиони долари. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести