-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Кушнер: Трамп е подготвен да поддржи безбедносни гаранции за Украина во духот на членот пет од НАТО, ако тоа е во интерес на САД

Американскиот специјален пратеник Џаред Кушнер денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да поддржи безбедносни гаранции за Украина по примерот на член пет на НАТО, но само доколку тоа им служи на американските интереси, изјави специјалниот пратеник Џаред Кушнер.

– Подготвеноста на претседателот Трамп да разгледа безбедносни гаранции за Украина, во духот на членот пет, е од стратешко значење за постигнување траен мир. Подготвеноста на Русија да разговара за такви гаранции претставува голем чекор напред и потенцијален знак дека намерата (на Русија) за постигнување мир е сериозна. Веродостојни гаранции, слични на оние од членот пет, поткрепени со одвраќање и договори за избегнување конфликти, би можеле значително да го намалат ризикот од нова војна, наведува Кушнер на платформата Икс.

Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „е во право дека таквите гаранции треба да се конкретни, сигурни и јасно дефинирани“.

– Ова се едни од најзначајните обврски што САД можат да ги преземат и тие бараат внимателно разгледување. Доналд Трамп би требало да ја одобри секоја од предложените гаранции, а тие би подлежеле на уставни и парламентарни процедури. Тој би презел таков чекор само доколку е уверен дека тоа неспорно им служи на американските национални интереси и оти пошироките безбедносни аранжмани ја прават повредата на овие гаранции малку веројатна, посочи Кушнер.

Тој додаде дека „клучните обврски преземени од страна на Америка и Европа мора да бидат усогласени со сопствената заложба на Украина за нејзин просперитет“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести