8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Кривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.
На 21.11.2026 година, околу 09:00 часот, во село Дрење, кривопаланечко, пријавените физички ја нападнале Д.Д. (67) од истото село, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Имено, додека Д.Д. го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале вербална расправија со неа, по што физички ја нападнале.

Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести