7.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

НАТО ќе разговара за руските нарушувања на воздушниот простор на Полска

Претставници на 32-те земји-членки на НАТО ќе разговараат в понеделник за најновите руски нарушувања на воздушниот простор над Полска, изјави функционер на НАТО. Сепак, не е свикана посебна седница, изјави функционерот. Дискусиите за нарушувањата на воздушниот простор во Полска се одржуваат како дел од редовните консултации, додаде тој.

Полската влада објави дека во петокот, за време на руските воздушни напади врз Украина, три руски летачки објекти влегле во полскиот воздушен простор и се урнале на југоистокот од земјата. Според првите резултати од истрагата, барем еден од нив бил крстосувачки проектил Kh-101, додека другиот веројатно бил беспилотно летало.

Полскиот премиер Доналд Туск ја обвини Москва за намерна провокација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести