16.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен односно над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести