-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Додека СДС беше на власт, а Петровска беше министерка, Филипче молчеше. За набавката поскапа за 37 милиони евра се сети дури кога се скараа меѓусебно. Јавноста заслужува одговори во однос на изјавата на Филипче за, како што тој вели криминалот вреден 37 милиони евра, вели тој.

Посочи дека обвинување за криминал од 37 милиони евра не е нешто што се вади од фиока кога ќе се започне партиска пресметка.

-Го охрабруваме потегот на Филипче да проговори, но исто така го повикуваме и ЈО да го истражи случајот за кој патем се доставени сите информации до надлежните институции. Правда мора да има, вели Петрушевски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести