6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати остри критики кон СДС во врска со јавниот долг и економските политики, повикувајќи ја опозициската партија да одговори за долговите што, како што велат, ги оставила зад себе во периодот кога беше на власт заедно со ДУИ.

Од владејачката партија посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја презела одговорноста за Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП, додека, според нив, денеска долгот изнесува 58,8 проценти од БДП.

„Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ.

Според партијата, само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, дополнителни 1,5 милијарди во 2027 година, 1,9 милијарди во 2028 година, 1,3 милијарди во 2029 година и уште 1,4 милијарди евра во 2030 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат и за, како што наведуваат, 4,5 милијарди евра со кои државата била задолжена во период од седум години, барајќи од СДС да објасни за што биле потрошени средствата.

Партијата истовремено се повикува и на економските показатели, посочувајќи дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година изнесувал 4,3 проценти.

„Осум квартали по ред има раст од над 3 проценти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека тоа е показател за успешноста на актуелните економски политики.

Од партијата прават и споредба со периодот на претходната власт, при што наведуваат дека просечниот економски раст за време на владеењето на СДС и ДУИ бил околу 2,6 проценти, без да се земат предвид годините на ковид-пандемијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека СДС, наместо да ги „извртува фактите“, треба да даде одговор за долговите, потрошените милијарди и финансиските обврски што, според нив, ги оставила зад себе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести