На 1 септември 2026 година во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, која пријавила дека подолг период била психички малтретирана од сопругот, а во ноќта меѓу 29 и 30 август 2026 година била и физички нападната.
За настанот е известен јавен обвинител.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
