-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Малолетник возел мопед во спротивна насока и бегал од полицијата во Велес

На 1 септември 2026 година, во 10:00 часот, на улицата „11 Октомври“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале мопед кој се движел во спротивна насока.

Откако го забележал полициското возило, возачот го паркирал мопедот и побегнал. По преземените мерки и извршените проверки, полициските службеници утврдиле дека мопедот го управувал 14-годишен малолетник од Велес, кој не поседувал дозвола за управување.

Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на негов родител и претставник од Центарот за социјални работи Велес.

Мопедот бил одземен, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести