10.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Еве како до потенок струк

Прелиминарната студија, која ги докажа сите придобивки од циметот, беше претставена на почетокот на мај 2017 година на конференција на Американското здружение за срце.

Во текот на 12 недели, научниците им давале на стаорците додатоци на база на цимет додека ги хранеле со висококалорична храна. Тестовите направени на стаорци пред и по завршувањето на експериментот покажаа дека стаорците имаат повеќе антиоксиданси и антиинфламаторни молекули во телото по земањето суплементи со цимет отколку порано.

Исто така, нивната вкупна тежина и обемот на половината се намалиле, без разлика што јаделе мрсна и тешка храна.

Докажано е дека циметот има многу здравствени придобивки. Покрај горенаведените придобивки, вклучува и смирување на варењето и подобрување на функцијата на мозокот, поконкретно и побрзо разбирање на новиот материјал, пишува  Daily Mail.

Според истражувањето спроведено во Медицинскиот центар на Универзитетот Раш во Чикаго во 2015 година, докажано е дека циметот го зголемува производството на протеини кои помагаат во организирање и складирање на информациите. Истражувањето вели дека доволно е секојдневно да ставате прстофат мелен цимет во кафе или овес за да ја подобрите меморијата.

Зачинот од цимет се прави од кората на дрвото цимет и е полн со антиоксиданси, помага во намалување на нивото на шеќер во крвта и може да спречи разни воспаленија.

Студијата спроведена во 2010 година во Центарот за применети здравствени науки докажа дека водата со цимет содржи доволно антиоксиданси за да ги намали шансите за дебелеење за дури 23 проценти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести