6.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Турција е подготвена да биде домаќин на средба помеѓу американски и руски претставници

Турција ја разгледува можноста за организирање на средба помеѓу руски и американски претставници објавија руските медиуми повикувајќи се на неименуван турски извор.

Тој посочи дека Анкара продолжува внимателно да ги следи контактите помеѓу Москва и Вашингтон.

За сега немаме добиени никакви предлози за организирање на таква средба во Турција, наведе неименуваниот извор.

Турција и претходно се обидуваше да се позиционира како посредник и место за дипломатски контакти во врска со конфликтот во Украина, одржувајќи канали на комуникација и со Москва и со Западот.

Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин претходно изјави дека почнала нова фаза во преговорите меѓу Русија и САД за решавање на украинскиот конфликт.

Според него, достигната е фаза во која е потребно да се преземат конкретни чекори и да се продолжи напред во барањето решение за кризата. Но, тој не наведе детали за форматот на идните разговори или за можното место за нивно одржување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести