СВР Тетово поднесе кривична пријава против 37-годишниот Н.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според пријавеното, на 19 мај 2026 година полициски службеници вршеле сообраќајна контрола во село Долно Палчиште, тетовско, при што сопреле патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот.
При обидот на полициските службеници да извршат преглед над лицата кои се наоѓале во возилото, 37-годишникот физички нападнал еден од полициските службеници.
По документирањето на случајот, СВР Тетово поднело соодветна кривична пријава.
