7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Пронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје, лицата се лишени од слобода, следуваат пријави по брза постапка

На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. 


На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од лицето Д.М се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин. 
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по брза постапка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести