3.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Лишен од слобода велешанец затоа што предизвикал пожар во Башино Село, следува пријава

На 01.08.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Б.(54) од Велес, затоа што во близина на Башино Село, велешко, додека со алат сечел метален предмет, од искрите настанал пожар на сува трева.

Повредени лица нема, а пожарот го изгаснал Д.Б. и други лица кои биле во близина. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес и по документирање на настанот против Д.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести