5.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Зголемена фреквенција на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен – информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица за излез од државата и на Табановце за влез, но засега нема поголеми задржувања на македонската страна.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците каде што постои можност од одрони.

Особена внимателност се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести