22.8 C
Skopje
петок, ноември 20, 2026

Тага во домот на Бен Афлек

Крис Ан Болдт, мајка на холивудскиот актер Бен Афлек, почина по битка со рак на панкреас, објавува Дејли меил.

Веста за нејзината смрт дојде само неколку недели откако актерот во едно интервју изјави дека неговата 81-годишна мајка е во многу добра здравствена состојба.

На почетокот на јули, Афлек беше гостин во подкастот „Fly on the Wall“ што го водеа Дана Карви и Дејвид Спејд. Зборувајќи за неговата долгогодишна борба со алкохолизмот, тој се осврна и на својата мајка, поранешна наставничка.

„Мајка ми има 81 година и е во навистина добра здравствена состојба“, рече актерот во тоа време.

За време на разговорот, Афлек се потсети на еден од најтешките периоди во неговиот живот. Тој рече дека неговата мајка го однела на лекување од зависност од алкохол во 2001 година и дека зборовите што му ги упатила во тоа време засекогаш му останале во сеќавање.

„Таа ми рече: Те гледам. Гледам кој си навистина. Знам дека си добар човек и добра личност. Ти си мој син и те сакам. Ќе бидеш добро, ќе го надминеме ова заедно“, рече актерот.

Крис Ан Болдт беше редовен гостин на семејните собири и често се појавуваше јавно со Бен Афлек, неговата тогашна сопруга Џенифер Лопез и нивните деца.

Еден од моментите што привлече големо внимание од јавноста се случи во август 2022 година, во пресрет на свадбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез на неговиот имот во Џорџија. Потоа таа доживеа несреќа и заврши во болница, каде што раната ѝ беше сошиена. По неколку конци, беше отпуштена на домашно лекување и сепак присуствуваше на свадбената церемонија.

Таткото на Бен, Тимоти Афлек, исто така се лекуваше од рак и моментално е во ремисија. Актерот има помлад брат, Кејси Афлек, кој исто така имаше успешна актерска кариера.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести