1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Од болница во Кампала денеска излегува последниот пациент заразен од ебола во Уганда

Од болница во Уганда денеска ќе биде отпуштен последниот пациент заразен со вирусот ебола, со што ќе започне 42-дневниот период по кој земјата може да биде прогласена за ослободена од таа болест.

Пациентот се наоѓа во карантинското одделение на Националната референтна болница „Мулаго“ во главниот град Кампала. По неговото отпуштање започнува периодот на следење предвиден од Светската здравствена организација по кој, доколку нема нови случаи, официјално ќе биде прогласен крај на епидемијата.

„Доколку во следните 42 дена не биде регистриран ниту еден нов случај, според насоките на СЗО, Уганда ќе биде прогласена за земја без ебола“, изјави владиниот портпарол, Алан Касуџа.

Во поширокото жариште на болеста во регионот најзасегната е Демократската Република Конго, каде досега се потврдени 2.011 случаи на ебола, од кои 754 со смртен исход.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести