7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Редовниот секс има повеќе здравствени придобивки отколку само задоволство

 Најновата студија покажа дека редовниот секс има повеќе здравствени придобивки отколку само задоволство. Најмногу влијае на здравјето на мозокот.

Истражувањето од Хоуп колеџот во САД ги тестираше когнитивните способности, кои вклучуваат вештини за меморија и внимание. Тоа опфатило 1.683 луѓе на возраст од 62 и повеќе години во текот на петгодишното истражување.

Сексот помага при деменција

Тие откриле дека оние на возраст меѓу 75 и 90 години кои имале секс барем еднаш неделно во текот на пет години, на крајот на експериментот имаат подобри резултати на тестовите на мозокот од оние кои никогаш немале секс. Причината за ова е што сексот може да го намали ризикот од когнитивно опаѓање, вклучително и деменција.

„Ова може да биде особено точно во постара возраст, бидејќи физичката неактивност се зголемува со возраста и постарите возрасни имаат високи стапки на седентарен начин на живот“, напишаа истражувачите.

Исто така, научниците ја нагласуваат користа од сексот во намалувањето на стресот и ослободувањето на хормонот за задоволство – допамин. Конечно, сексот еднаш неделно на старост носи здравствени придобивки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести