6.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Еве која храна ја заменува вијаграта

1. Чоколадо

Легендата вели дека Ацтечкиот воин и војсководец Монтезума II пиел чаша какао пред секое патување во харемот, каде што имал 600 жени. Ова е причината зошто на чоколадата и се припишуваат магични својства и се смета за моќен афродизијак.

Ова се однесува исклучиво на темно чоколадо со што е можно поголем процент на какао. Млечното или белото чоколадо не оди добро, освен ако навистина не се полиете со чоколадо заедно со партнерот… Останатото можете сами да го замислите.

2. Авокадо

Ацтеките исто така користеле авокадо како афродизијак. Во форма наликува на тестисите и расте во парови. Дури и научниците ја поддржуваат оваа теорија. Имено, авокадото е богато со незаситени масти кои се добри за срцето и крвните садови. А кога срцето е во состојба на возбуда, ја пумпа крвта побрзо и посилно, што влијае на подобро снабдување со крв во репродуктивните органи.

Покрај тоа, докажано е дека луѓето кои имаат проблеми со срцеви заболувања имаат двојно поголема веројатност да страдаат од еректилна дисфункција. Затоа, драги мажи, јадете авокадо.

3. Бадеми

Бадемите со векови се на врвот на листата на афродизијаци, бидејќи ја зголемуваат страста, делуваат како сексуален стимуланс и помагаат во плодноста. Бадемите се богати со хранливи материи и минерали кои се важни за сексуалното здравје и репродукција. Тоа се првенствено цинк, селен и витамин Е.

Цинкот го зголемува либидото и сексуалната желба, тврдат научниците, иако и самите не ги разбираат механизмите со кои бадемот влијае на сексуалноста, но е откриено дека делува.

4. Јагоди

Јагодите имаат црвена боја и бројни студии покажаа дека мажите сметаат дека жената облечена во црвено е исклучително сексуално привлечна, но не се работи само за бојата.

Јагодите се богат извор на фолна киселина и витамини од групата Б кои помагаат за здравјето на жените, но и влијаат на висок број на сперматозоиди кај мажите. Ако навистина сакате да го запалите пламенот во креветот, комбинирајте темно чоколадо и јагоди, два афродизијака не можат да тргнат наопаку.

5. Остриги

Иако имаат лигава текстура, остригите се најпознатиот афродизијак во светот и со векови се користат за зголемување на сексуалната желба и потенција. Остригите биле задолжителни на римските оргии, а лекарите од тоа време ги препорачувале како лек за импотенција.

Дури и по својот изглед, како што некои веруваат, наликуваат на женски генитален орган. Други видови на морска храна, како дивиот лосос и харингата, исто така можат да делуваат како афродизијаци бидејќи се богати со омега-3 масти, кои се неопходни за здраво срце. А здраво срце, како што веќе научивме, значи подобар секс.

6. Рукола

Руколата долго време е предмет на истражување на научниците кои утврдиле дека микроелементите и антиоксидансите со кои е богат овој зеленчук се неопходни за нашето сексуално здравје.

Со конзумирање на рукола, но и аспарагус, кои се богати со витамин Е, наречен уште и витамин за плодност, тие всушност се добри антиоксиданси. Овој зеленчук влијае на чистењето на нашиот организам од штетните материи, што негативно влијае на нашето либидо.

7. Смокви

Смоквите поради својата форма се сметаат за афродизијак уште од античка Грција. Смоквите се симбол на плодноста, љубовта, продолжувањето на видот, а Адам и Ева ги покриле своите интимни делови со лисја од смокви откако биле протерани од рајот.

Науката докажала дека смоквите се богати со растворливи и нерастворливи влакна, кои се важни за здравјето на срцето. Поради својот витамински состав, делува и како афродизијак, ги подобрува сексуалните функции и плодноста.

8. Лута пиперка

Лутата пиперка е уште еден зеленчук кој е на листата на афродизијаци бидејќи се верува дека неговата пикантност ја зголемува циркулацијата слично како што ја забрзува крвта за време на сексот. Не случајно Италијанците ја сакаат пиперката, тие се горди сопственици на епитетот на најжестоки латинољубители, па дури имаат и Институт за црвен пипер.

На нивните потпетици се романтичните Французи, кои мора да признаеме дека имаат само училиште за изучување на пиперка.

9. Целер

Верувале или не, целерот е исто така многу силен афродизијак. Имено, овој зеленчук содржи андростерон, машки растителен хормон за кој се верува дека ја зголемува сексуалната желба кај жените. Се верува дека е моќен како билната вијагра.

Од целерот имаат корист и мажите кои по конзумирањето на овој зеленчук наводно лачат андростерон хормон кој се смета за неодоливо привлечен за жените.

10. Мед и ореви

Кај нашиот народ мешавината од мед и ореви се смета за главен афродизијак. Тајната лежи во древните обреди од паганско време каде медот и оревите се користеле во обредите за плодност.

Додуша, не е дека нема некоја вистина во тоа. Имено, според некои научни истражувања, медот го поттикнува производството на тестостерон кај мажите, а минералот бор од оваа слатка храна го подига нивото на естроген кај жените.

Оревот е богат со витамини и минерали кои се одговорни за здравјето на репродуктивните органи. Мускатното оревче со векови се користи во Индија како безбедно средство за зголемување на сексуалната моќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести