-1.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Словенија се премисли: Новата влада на Јанша ќе тргува со оружје со Израел

Словенечката влада ја отповика одлуката од 2025 година со која се забрануваше извоз и транзит на оружје и воена опрема во Израел, како и поголемиот дел од увозот на воена опрема од таа земја, објави словенечкото Министерство за одбрана.

Министерството наведува дека забраната, воведена во јули минатата година, повеќе не е потребна бидејќи трговијата со оружје е веќе регулирана со националното законодавство и правилата на Европската унија. Се додава дека постојните закони и прописи веќе ги дефинираат процедурите за издавање дозволи и следење, и дека денешната одлука е во согласност со Заедничкиот став на Европската унија за контрола на извозот на оружје.

Мерката од 2025 година забранува извоз и транзит на воена стока во Израел и увоз од Израел, со исклучок на опрема потребна за безбедноста на Словенија. Одлуката е донесена за време на владата на тогашниот премиер Роберт Голоб, кој тврдеше дека Словенија станала првата членка на Европската унија што вовела такво ембарго.

Новата словенечка влада беше потврдена минатата недела

Минатата недела, словенечкиот парламент ја потврди централно-десничарската влада на премиерот Јанез Јанша, со што се стави крај на политичкиот ќорсокак што се појави по мартовските избори, на кои ниедна политичка опција не освои парламентарно мнозинство.

Новиот премиер откажа голем број мерки на своите претходници, кои беа критички настроени кон Израел, со што Љубљана и Ерусалим отворија ново поглавје во меѓусебните односи, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар ја поздрави „брзата и праведна одлука на Јанша да ги укине искривените антиизраелски мерки донесени од претходната словенечка влада“. Тој го нарече Јанша „храбар лидер и вистински пријател на Израел“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести