Чудотворната икона на Света Богородица Троеручица од манастирот Хиландар во Света Гора пристигна во Штип.
Со свечена литија, предводена од Митрополитот Брегалнички г. Иларион и со учество на многубројниот верен народ, Богородичната Иконата Троеручица пренесена е во црквата „Свети Димитриј“ во Ново Село.
Овие свети моменти нѐ потсетуваат дека токму преку единството, љубовта и молитвата ги чуваме нашите вековни вредности и духовен идентитет.
