9.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам загинаа во трагедијата на скопската обиколница

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. Според  Ристе го управувал возилото. Адам пак е втора година на ФИНКИ. Со нив биле уште две лица, од кои едното лице е 20-годишниот П.М. Идентитетот на второто лице се утврдува.

Трагедијата се случи помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога товарно возило со косовски регистарски таблички ја пробило заштитната ограда, преминало во спротивната лента и директно се судрило со патничко возило „БМВ“.

По ударот избувнал силен пожар, а автомобилот целосно изгорел. Во несреќата загинаа четири лица.

Возачот на камионот, 76-годишен државјанин на Косово, е приведен, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести