3.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Хотелот кај „Горица 3“ ќе се вика „Горица резиденс Охрид“ и треба да биде готов до крајот на годинава

На интернет е веќе активна веб страницата која носи детали за хотелот кој се гради кај „Горица 3“. Ќе се вика „Горица резиденс Охрид“ и треба да биде готов до крајот на годинава.

Според истиот извор, резиденцијалниот дел на комплексот ќе има 42 премиум апартмани, од кои два ќе се дуплекс.

Се наведува дека гостите ќе имаат директен пристап до приватна плажа и базен наменети за сите сопственици на апартмани, приватен паркинг и 24-часовното обезбедување.

Според најавите, резиденцијалниот дел од проектот и околното хортикултурно и партерно уредување треба да бидат финализирани до крајот на годинава. (Крај)

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести