Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека хотелот Хилтон во Вашингтон, каде што се случи пукање за време на годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа на која тој присуствуваше, „не е многу безбедна зграда“ и наведе дека балската сала во Белата куќа, чија изградба тој ја започна, би имала многу предности.
– Затоа мора да ги имаме сите атрибути на она што го планираме во Белата куќа. Всушност, тоа е поголема сала и е многу побезбедна… Тие сакаа балска сала 150 години од многу различни причини. Но, денес е малку поинаку, бидејќи денес ни требаат нивоа на безбедност какви што веројатно никој досега не видел – рече Доналд Трамп, според Гардијан.
Трамп рече дека ги проучил атентатите и претпоставил дека тој бил цел на напаѓачите.
