Министерот на надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествува на дипломатскиот форум во Анталија, Турција, каде оствари повеќе средби.
-Остварив повеќе билатерални средби со моите колеги – португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, директорот за Континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција, Брис Рокфеј, како и директорот за Западна Европа во Европската служба за надворешни работи, Емануеле Ѓауфрет, објави министерот на надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
-На средбата со министерот Рангел ги потврдивме одличните билатерални односи и разговаравме за нивно понатамошно унапредување, со акцент на евроинтегративниот процес, нашата активна улога во НАТО и придонесот кон колективната безбедност, додаде тој.
Муцунски потенцира дека со министерот Коњуфца размениле мислења за билатералната соработка, регионалните прашања и евроинтегративните процеси, како и за понатамошно зајакнување на соработката во овој контекст.
На средбите со директорите Рокфеј и Ѓауфрет разговаравме за напредокот во пристапниот процес, имплементацијата на Реформската агенда, со посебен акцент на владеењето на правото и јавната администрација, како и за поддршката во овие процеси и актуелните случувања во регионот и Европа, стои во објавата на Муцунски.
