2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ЕК предлага воведување на апликација за проверка на возраста на корисниците на интернет

Европската комисија денеска предложи во Европска Унија да се воведе единствена апликација за проверка на возраста на корисниците на интернет.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен наведе дека нова апликација ќе биде со отворен код, нема да  содржи никакви лични информации, нема да дозволи следење на корисниците и ќе може да се користи во сите земји во светот.

Таа посочи дека децата на интернет треба да бидат побезбедни.

-Интернетот им дава на децата одлични можности да учат за светот и животот, но знаеме дека со овие придобивки доаѓаат и закани. Безбедноста на децата на интернет е загрижувачка, истакна Лајен.

Според неа, едно од шест деца е жртва на онлајн малтретирање, а едно од осум малтретирало друго дете на интернет.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести