1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Крвава прослава во тврдина заштитена од УНЕСКО: Десетици загинати во стампедо на Хаити

НАЈМАЛКУ 30 лица загинаа во стампедо што се случи во Хаити кај историската тврдина Лафериер. Властите предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми. Тврдината од 19 век, која е под заштита на УНЕСКО, е една од најпопуларните туристички атракции во земјата, а во времето на несреќата била полна со студенти и посетители кои се собрале за годишната прослава, пишува Скај њуз.

Премиерот потврди дека имало многу млади луѓе

Премиерот на Хаити, Аликс Дидие Филс-Еме, потврди дека меѓу присутните имало „многу млади луѓе“, но не го објави идентитетот на жртвите, ниту даде проценка за конечниот број на жртви. Во официјално соопштение, тој изрази „искрено сочувство до ожалостените семејства и им рече дека длабоко сочувствува со нив во ова време на тага и големо страдање“.

Шефот на цивилната заштита за департманот Хаити Север, Жан Анри Пети, рече дека катастрофата се случила на самиот влез во тврдината и дека ситуацијата е дополнително влошена од дождот.

Земја погодена од насилство и катастрофи

Оваа карипска земја е сериозно погодена од насилство на бандите во последниве години, кои според податоците на ОН сега контролираат големи делови од земјата, вклучувајќи и до 90 проценти од главниот град, Порт-о-Пренс.

Вооружени со шверцувано оружје, бандите го тероризираат цивилното население со убиства, киднапирања и сексуално насилство.

Хаити неодамна беше погодена од други катастрофи, вклучувајќи експлозии на цистерни за гориво во 2021 и 2024 година, во кои загинаа 90 и 24 лица, соодветно, и земјотрес во 2021 година во кој загинаа околу 2.000 животи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести