Овен
За Овенот, ова е период на лично „рестартирање“. Марс во нивниот знак носи дополнителна сила, харизма и решителност за постигнување цели што можеби ги одложувале долго време. Тие ќе бидат полни со енергија и подготвени да преземат иницијатива во сите области од животот, особено во работата и личните проекти.
Лав
За Лавовите, овој транзит носи мотивација и ветер на грб. Тие ќе се чувствуваат посигурни во своите одлуки, а нивната креативност и желба да се истакнат ќе дојдат до израз. Идеално време е да се започнат нови планови, да се патува или да се преземат лидерски улоги.
Стрелец
Стрелецот ќе почувствува силен нагон за промени и авантура! Марс во Овен им дава храброст да излезат од својата зона на удобност и да направат големи чекори напред, особено кога станува збор за личен развој и нови искуства. Ова може да биде период на одлични можности доколку се осмелат да ги искористат.
