Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија – „Гамалеја“, при руското Министерство за здравство работи на вакцина против вирусот на човечка имунодефициенција (ХИВ).
Почетната фаза на развој на лекот е во тек, според Владимир Гушчин – заменик-директор одговорен за истражувањa во Центарот, а научниците, се наведува, го репродуцираат имунолошкиот одговор кај заморчиња.
– Раната фаза на развојот на домашна вакцина против ХИВ е во тек. Ќе ја проучуваме две години и ќе известуваме за резултатите. Ја проучуваме варијабилноста на вирусот кај населението и, едноставно, мора да ги земеме предвид овие информации при развојот на вакцината, изјави Гушчин.
