2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Хамнеи именуваше наследник на Лариџани: На сцена стапува уште порадикален лидер

Со декрет на Моџтаба Хамнеи, Сади Џалили е назначен за нов секретар на Советот за национална безбедност на Иран. На оваа многу важна позиција во хиерархијата на Исламската Република, Џалили ќе го наследи Али Лариџани, кој беше убиен во израелски напад завчера.

Саид Џалили веќе ја држеше оваа позиција од 2007 до 2013 година за време на мандатот на Махмуд Ахмадинеџад. Во тој период, тој беше и главен преговарач за нуклеарната програма. Подоцна, се истакна со своето силно противење на нуклеарниот договор од 2015 година, тврдејќи дека тој ги крши „црвените линии“ на Иран.

Три пати се кандидираше за претседател: во 2013 година заврши трет, во 2021 година се повлече во корист на Ебрахим Раиси, додека на последните избори во 2024 година влезе во вториот круг и беше поразен од сегашниот претседател Масуд Пезешкијан со 45% од гласовите. Тој се смета за политичар близок до Иранската револуционерна гарда и ужива поддршка од најрадикалните кругови на иранското општество, а неговиот избор би можел да значи дека власта во Иран целосно ќе премине во рацете на оние кои, дури и пред војната, беа против преговорите со Западот и продлабочувањето на соработката со Русија и Кина.

Сади Џалили бил учесник и во војната со Ирак во 1980-тите, кога бил тешко ранет.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести