2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Паника во Кливленд: Метеор од 7 тони се распаднал над главите на жителите

Жителите на Кливленд денес беа исплашени од метеор од седум тони кој се проби низ небото со брзина од 72.420 километри на час, пред да се распадне со грмотевици, објави АП.

Жителите во неколку држави пријавија дека виделе светла огнена топка во 9 часот наутро, а Американското метеорско друштво соопшти дека добило извештаи од Висконсин до Мериленд.

Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) подоцна потврди дека метеорот имал дијаметар од речиси 1,83 метри.

„Овој навистина изгледа како огнена топка, што значи дека е метеорит – мал астероид“, рече астрономот Карл Хергенротер.

Метеорот првпат бил виден на околу 80 километри над езерото Ири, во близина на Лорејн, и патувал повеќе од 55 километри низ горната атмосфера пред да се распадне над Вали Сити, северно од Медина, соопшти НАСА.

Научниците ги следат метеорите преку мрежа од специјални камери кои помагаат во снимањето на ноќното небо, но сè повеќе луѓе ги снимаат со мобилни телефони и безбедносни камери.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести