6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Милион германци минатата година истапиле од католичката црква

Повеќе од 600.000 германски католици и протестанти ја напуштија црквата минатата година, беше објавено денес, бидејќи двете главни христијански цркви во земјата продолжуваат да губат членови.

Според статистиката објавена од Католичката црква и Евангелистичката црква во Германија (EKD), околу 307.000 верници ја напуштиле Католичката црква во 2024 година, нешто помалку отколку во 2023 година, кога ја напуштиле 321.000 членови. EKD изгубила околу 350.000 верници минатата година, приближно ист број како и претходната година.

„Секое заминување од Црквата е болно“

Ако верниците кои ги напуштиле своите заедници се додадат и на бројот на починати членови, тогаш бројот на регистрирани христијани во Германија се намалил за 1,35 милиони минатата година.

Вкупно, минатата година во Германија живееле 36,6 милиони граѓани кои припаѓале на една од двете најголеми христијански цркви. Тоа е околу 44 проценти од населението, што е намалување во однос на 45,2 проценти во 2023 година, кога 45,2 проценти од граѓаните биле членови на една или друга црква.

„Секое заминување од Црквата е болно“, рече Хајнер Вилмер, новиот претседател на Германската бискупска конференција, при презентирањето на статистиката.

Во исто време, тој рече дека не треба да се губи надеж поради овие бројки и посочи на стабилниот број на први Свети Причести и конфирмации.

Сепак, за разлика од соседните Франција и Белгија, во Германија нема тренд на зголемен број крштевки.

Скандалите и данокот како предизвикувачи


Трендот на масовно напуштање на црквите се засили по педофилските скандали во кои беа вклучени црковни вработени.

Една од причините е црковниот данок што го плаќа секој вработен член на католичката или евангелистичката заедница. Таканаречениот црковен данок е од 8 до 9 проценти од годишниот данок на доход.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести