5.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Израел се пофали дека го елиминирал шефот на кабинетот на новиот лидер на Иран. Трамп порача дека нема да трае ни Хамнеи!

Израелските воздухопловни сили го елиминираа Абу ал-Касим Бабајан, опишан како „шеф на воениот кабинет“ на врховниот лидер на Иран, како и началник на штабот за вонредни ситуации на Иран, Хатам ал-Анбија, во напад врз Техеран во саботата, објави израелската војска на Телеграм. Американскиот претседател Доналд Трамп денес се закани дека новиот врховен лидер на Иран „нема да трае долго“ ако биде избран без негово одобрение.

Тие тврдат дека Абу ал-Касим Бабајан бил „одговорен за координација меѓу органите на режимот за промовирање акции против Израел и активирање на механизмите за вонредни ситуации на режимот“.

Бабајан беше назначен за началник на кабинетот на новиот, врховен лидер на Иран по атентатот врз ајатолахот Али Хамнеи на првиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран во саботата, 28 февруари, според краткото соопштение од израелската војска.

Трамп се заканува дека новиот врховен лидер на Иран нема да трае долго


Изјавата доаѓа непосредно пред назначувањето на наследник на Али Хамнеи, кој беше убиен на 28 февруари, првиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран.

„Тој ќе мора да добие наше одобрение. Ако не добие наше одобрение, нема да трае долго“, се закани Трамп во изјава за американската телевизиска мрежа ABC.

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, повтори дека изборот на наследник на ајатолахот зависи од „иранскиот народ и од никој друг“.

Израелските власти оваа недела изјавија дека новиот врховен лидер сигурно ќе биде цел на нивните напади.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести