2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Со хеликоптер на МВР спасен повреден италијански државјанин на подрачјето на СВР Тетово

Тим на Министерството за внатрешни работи со хеликоптер евакуираше повреден италијански државјанин од непристапен терен на подрачјето на СВР Тетово, откако претходно била добиена пријава од Центарот за управување со кризи.

Како што потврдуваат од МВР за „Курир“, по добиената информација за повредено лице на тешко достапна локација, бил ангажиран полициски хеликоптер кој извршил спасувачка интервенција.

Повредениот италијански државјанин е транспортиран во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана медицинска помош.

Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали за околностите под кои дошло до повредата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести