Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера се понуди да посредува за ново примирје помеѓу Пакистан и Авганистан.
Ердоган во телефонскиот разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги осуди терористичките напади во Пакистан и наведе дека Анкара ќе настојува да „придонесе за повторно воспоставување примирје помеѓу Пакистан и Авганистан“, се наведува во соопштението на турската Влада.
Кабинетот на Шариф соопшти дека двајцата лидери разговарале за тензиите долж 2.611 километарската граница.
Судирот почна минатата недела кога Авганистан на 26 март презеде одмазднички напади поради претходните пакистанските воздушни напади. Судирот помеѓу двете соседни земји активен е веќе седми ден, а Исламабад соопшти дека е во „отворена војна“ со Кабул. Со тоа е прекинато примирјето, постигнато во октомври минатата година со посредство на Катар и Турција.
