20.8 C
Skopje
четврток, ноември 19, 2026

Лавров: Русија нема да ја нападне Европа, но ако е нападната одговорот нема да биде како во Украина

Русија нема намера да ја нападне Европа, но е подготвена да обезбеди воен одговор од сите размери доколку е потребно, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Немаме намера да ја нападнеме Европа. Апсолутно немаме потреба од тоа. И доколку Европа ги оствари своите закани за подготовка за војна против нас и започне напад врз Руската Федерација, рускиот претседател Владимир Путин рече дека од наша страна ова нема да биде специјална воена операција, туку воен одговор со сите расположиви воени средства, во согласност со релевантните доктринарни документи“, рече тој во интервју за телевизискиот канал НТВ, пренесува ТАСС.

Агенцијата потсетува дека Путин во декември изјавил дека Русија не е во војна со Западот, туку Западот е во војна со Русија, и тоа преку рацете на украинските националисти.

Путин претходно забележал дека Русија нема намера да војува со Европа, но дека доколку Европа одеднаш започне војна, нема сомнение дека Русија е подготвена „веднаш“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести