6.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Тотален пресврт на односот на Трамп кон Кина: Најавена посета во април и покрај отвореното тајванско прашање

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше по телефон со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, за повеќе теми - царински мерки, војната во Украина, односите меѓу Кина и Тајван... Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth social“ дека ќе отпатува во Кина во април на средба лице в лице со Си Џинпинг.

„Тукушто завршив телефонски разговор со претседателот Си Џинпинг на Кина. Тоа беше долг и обемен разговор во кој разговаравме за многу теми - царини, војска и моето патување во Кина во април, кое со нетрпение го очекувам.

Разговаравме и за Тајван, војната меѓу Русија и Украина, моменталната ситуација во Иран, купувањето гас и нафта од страна на Кина од САД и купувањето земјоделски производи. Тие се обврзаа на набавка на 25 милиони тони соја за претстојната сезона, за разлика од 20 милиони колку што увезуваат во моментов.

Целиот разговор беше многу позитивен. Односот со Кина и претседателот Си е исклучително добар и двајцата признаваме дека мора да продолжи. Верувам дека ќе постигнеме многу позитивни резултати во следните три години од моето претседателствување со народот на Кина и претседателот на Кина“, рече Трамп.
За потсетување, САД и Кина водат сериозна економска војна преку царински мерки. Во меѓувреме, односите малку се променија и може да има значително подобрување на односите и соработката меѓу двете земји, кои имаа ладни односи откако Трамп се врати на власт во Белата куќа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести