Шест лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во пукотница на парадата Марди Гра во Луизијана, соопштија официјални лица. Пукањето се случило пред судницата на округот Ист Фелисијана во Клинтон. Едно дете е во критична состојба, според американските медиуми. WBRZ објави дека полицијата моментално бара возило поврзано со пукотницата и дека еден осомничен е во притвор. Полицијата на Клинтон и канцеларијата на шерифот на округот Ист Фелисијана изјавија за Fox News Digital дека не се во можност да дадат дополнителни информации.
