6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Ново пукање во САД. Отворен оган врз парада. Шестмина повредени

Шест лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во пукотница на парадата Марди Гра во Луизијана, соопштија официјални лица.

Пукањето се случило пред судницата на округот Ист Фелисијана во Клинтон. Едно дете е во критична состојба, според американските медиуми.

WBRZ објави дека полицијата моментално бара возило поврзано со пукотницата и дека еден осомничен е во притвор.

Полицијата на Клинтон и канцеларијата на шерифот на округот Ист Фелисијана изјавија за Fox News Digital дека не се во можност да дадат дополнителни информации.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести