Со години, жените живеат под заблуда дека имаат полоша кожа од мажите и дека затоа им е потребна поголема грижа. Митот конечно е решен!
Машката кожа е подебела, 15 проценти помрсна, полна со црни точки, има поизразени пори и е иритирана од бричење. Тие треба да користат хидратантна крема, но никако женска. Многу мажи не придаваат значење на негата на кожата на лицето.
Можеби има и такви кои, од чиста љубопитност, пробале крема на својата сопруга или девојка, не знаејќи дека е полошо од тоа да останат доследни на себе. Зошто?

Прво затоа што женската и машката кожа се многу различни.
Машката кожа е подебела, па ако се намачка со крема на својата поубава половина, тој премногу ќе заблеска и ќе ги заглави порите.
Не треба да ја заборавиме областа околу очите, бидејќи кожата е најтенка и старее побрзо отколку кај жените, па брчките се појавуваат многу порано и што е уште полошо, тие се поизразени.

Она што секако е препорака е секојдневна нега, и за жени и за мажи, бидејќи помага да годините бидат само број на хартија во матичната книга на родени.
