Официјални лица од САД, Данска и Гренланд стартуваа со разговори за решавање на дипломатската криза предизвикана од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз данскиот остров, соопшти данското Министерство за надворешни работи. Данското Министерство за надворешни работи во писмена изјава за Ројтерс соопшти дека високи претставници од трите земји се состанале за да „разгледаат како да одговорат на загриженоста за безбедноста на САД на Арктикот, почитувајќи ги црвените линии на Кралството“.
Данските власти изјавија дека се подготвени да преговараат и да соработуваат со Соединетите Американски Држави, под услов суверенитетот на Гренланд да не биде доведен во прашање. Преговорите, како што е најавено, имаат за цел да имаат професионален и транспарентен процес и да постигнат договор што ќе ги задоволи сите страни. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно денес изјави дека САД имаат воспоставено процес во врска со Гренланд и дека ќе се одржат технички состаноци со данските и гренландските власти. Преговорите се обид да се најде компромис помеѓу желбата на Трамп за поголемо американско присуство на Гренланд и почитувањето на суверенитетот на територијата, која е полуавтономна и е администрирана од сојузникот на НАТО, Данска, објаснува Блумберг. Трамп претходно постојано бараше контрола на САД врз Гренланд, наведувајќи ги интересите за национална безбедност во однос на Русија и Кина, што предизвика загриженост кај европските сојузници и се закани дека ќе ја поткопа трансатлантската соработка.
