Трагична несреќа се случи денес во градинка во берлински округ во Германија, при што загина петгодишно дете. Трагичниот инцидент се случил околу 10 часот наутро, објавува heute.at, повикувајќи се на германски медиуми. Пожарникари, полиција и служби за итни случаи беа испратени на местото на настанот, а беше повикан и хеликоптер за спасување. Лекарите од итната помош веднаш започнаа со мерки за реанимација, но не беа во можност да му помогнат на детето. Истрагата е во тек Според весникот „Билд“, детето го загубило животот од врата која наводно се откорнала од шарките и паднала врз него. Полицијата првично пријавила само „тежок предмет“ што го убило детето. Во тек е истрага за да се утврди дали несреќата е предизвикана од техничка неисправност или човечка грешка. На лице место е и тим за кризна интервенција за да им пружи поддршка на родителите и децата.
