1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Нејтон тврди дека Лондон нема план за одбрана во случај на војна

Командантот на британскиот Генералштаб, маршал Сер Ричард Најтон вчера пред пратениците изјави дека Велика Британија во моментов нема национален план за одбрана ниту разработени процедури за мобилизација на здравствениот систем во случај на општа војна во Европа.

Тој со тоа го потврди претходниот извештај на „Скај њуз“ (Sky News) објавен речиси пред две години.

Најтон истакна дека британското Министерство за одбрана нема доволно средства за набавка на опрема и за амбициите наведени во сеопфатната ревизија на одбраната, што беше објавена во јуни минатата година.

– Сè уште не сме го комплетирале националниот план за одбрана, посочи Најтон, додавајќи оти со сегашниот буџет не може да се спроведат дополнителните мерки од стратешката одбрана.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести