2.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

На 80 години „откачувал“ со кокаин. Рекол дека го препородило. Изречен му е притвор

Истражен судија на Окружниот суд во Сплит му одреди куќен притвор со електронски мониторинг на 80-годишникот кој беше уапсен минатата недела со 11 пакетчиња кокаин. Тој е осомничен и за продажба на пакетче дрога од половина грам, пишува порталот Далматинец.

„Прероден сум“

Осомничениот 80-годишник ја оспорува продажбата и тврди дека кокаинот пронајден во неговата куќа бил за негова лична употреба. Тој изјавил дека земал дрога за здравје и дека поради тоа се преродил.

Мерката куќен притвор

На ногата на човекот му е поставен уред за мониторинг и не му е дозволено да ја напушта куќата во следниот месец. Бидејќи живее сам, неговиот сосед ќе му носи храна и други потребни работи. Притвор во куќата му е одреден поради опасност од повторување на кривичното дело.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести