2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Журката буквално грмела. Фатален провод за две лица кои загинале за време на фестивал

Две лица загинаа кога гром удри група од околу 150 луѓе кои се собрале за фестивалот „Ди Трупа“ во селото Матибестад, 70 километри северно од Преторија, додека 13 се во критична состојба, соопштија здравствените служби на Јужна Африка.

„Вкупно 150 пациенти се јавија во клиниката Матибестад откако беа погодени од гром за време на настанот. Тринаесет пациенти во критична состојба беа префрлени во болницата „Јубилеј“ за лекување на разни повреди“, се вели во соопштението на здравствените служби, објавено од францускиот портал 20minutes.
Исто така, беше објавено дека „двајца пациенти починале при приемот и чекаат судска медицина“.

Според истиот извор, повеќето од пациентите претрпеле „мали изгореници поврзани со ударот од гром“.

Грмотевиците се чести во тој дел од Јужна Африка во текот на летото.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести